ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » ХОЛАНДСКИОТ ДИЏЕЈ ПОЛ ВАН ДАЈК ПАДНАЛ ОД СЦЕНА

ХОЛАНДСКИОТ ДИЏЕЈ ПОЛ ВАН ДАЈК ПАДНАЛ ОД СЦЕНА


Додадено на 01-03-2016 во ЗАБАВА

Холандскиот диџеј Пол ван Дајк на последниот настап на A State of Trance во Утрехт паднал од сцената.

 Веднаш потоа со хеликоптер е префрлен во болница од каде првично информираа дека претрпел потрес на мозокот. Повеќе детали за тоа како дошло до инцидентот не се познати, а нема ни информации за неговата моментална состојба. Организаторите на концертот вклучувајќи го и продуцентот на шоуто и диџеј Армин ван Бурен и се обрати на публиката објаснувајќи дека настапите на главната сцена ќе бидат прекинати.