ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » УТРЕ ВО НЕГОТИНО ТРИБИНА СО ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗОРАН СТАВРЕВСКИ

УТРЕ ВО НЕГОТИНО ТРИБИНА СО ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗОРАН СТАВРЕВСКИ


Додадено на 10-02-2016 во НЕГОТИНО

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески придружуван од владини претставници, утре,  четврток 11 февруари  ќе оствари работна посета на Неготино во чии рамки ќе одржи трибина на која можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.

На трибината се очекува вицепремиерот  Зоран Ставрески да ги претстави и образложи проектите на Владата  на Република Македонија кои се најактуелни во моментов и кои се предмет на интерес кај повеќе категории на граѓани. Трибината ќе се одржи во салата на Центарот на култура Ацо Ѓорчев во Неготино со почеток од 19,00 часот.