ПОДГОТОВКИТЕ ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ ПРЕД ЕВРОВИЗИСКИОТ НАСТАП

Нашиот претставник на Евровизија Даниел Кајмакоски во наредните три месеци пред настапот на евровизиската сцена во Виена е доста зафатен. По патот во Катар Даниел и евровизискиот тим се подготвуваат за гостувања во неколку европски земји во кои тој ќе се испромовира себеси и нашата песна. Станува збор за Молдавија, каде тој е повикан да настапи како гостин во ревијалниот дел од нивниот избор за песната која ќе ги претставува на Евровизија. Потоа тука е се и традиционалните предевровизиски концерти во Амстердам и во Лондон. Секако дека има и други понуди, а евровизискиот тим на МТВ, заедно со Даниел, ќе ги разгледа и ќе одлучи која понуда треба да се прифати. Секако дека се очекуваат гостувања и во земјите од соседството, бидејќи сите се надеваме на нивна безрезервна поддршка на Даниел, како што тоа беше во Х Фактор. Она со што Даниел ќе се бави во најскоро време е снимањето на разгледницата за Македонија, онаа со која ќе биде најавена нашата земја пред неговиот настап, во која тој ќе блесне во главната улога.

