ПОЧЕТНА » МУЗИКА » НАДЕ ТАЛЕСКА СО НОВА ПЕСНА

НАДЕ ТАЛЕСКА СО НОВА ПЕСНА


Додадено на 10-02-2015 во МУЗИКА

Наде Талевска за својот роденден (кој е денес) сними нова песна. Станува збор за темата „Живеам“, која ја потпишува Александар Масевски (музика и аранжман) и неговата сопруга Билјана Пашариковска (текст). Станува збор за позитивна и модерна песна, која не е балада, што до сега беше белег на оваа извонредна пејачка, во музичките кругови позната и како Нада-балада.

Песната „Живеам“, која од денес ја има во македонскиот етер, својата официјална промоција ја имаше вчера на брановите на Радио Слободна Македонија, во емисијата МакСцена со Ване Марковски. Следен чекор на Наде е учеството на музичкиот фестивал „Макфест“.