ПОЧЕТНА » СПОРТ » Кираџиев единствениот претставник од Македонија на СП во полумаратон

Кираџиев единствениот претставник од Македонија на СП во полумаратон


Додадено на 22-10-2012 во СПОРТ

Александар Кираџиев ќе биде единствениот претставник од Македонија на 20.то Светско првенство во полумаратон кое утре ќе се одржи во Каварна, Бугарија, на Црноморското крајбрежје.

 

 

 

 

 

 

 

 

Дваесет и пет годишниот Кираџиев е член на атлетскиот клуб Безбедност од Скопје, а негов најдобар резултат е 1:14.56 истрчан на полумаратонот во Прага оваа година.

На Светското првенство во Каварна учество пријавиле 180 натпреварувачи од 46 држави.