КАВЕРВИЛ ДЕНЕСКА ЗА ТОШЕ !!!
Во чест на денот на раѓањето на нашата музичка икона Тоше Проески, вашиот радио водител Драган Б. Костиќ, за денес, 25 јануари, подготви специјална емисија на “КАВЕРВИЛ“ во која ќе слушнете стории за кавер верзиите на неговите омилени странски хитови кои ги отпеал во текот на кариерата, поместени на албумот “Со љубов од Тоше” од 2011 година.

Не ја пропуштајте оваа сторија за Тоше и неговите хитови на вашето омилено радио „ Пулс Радио “ Неготино, потпомогната од Меѓународната Фондација “Тоше Проески” како дел од активностите за одбележување на овој ден.

