ПОЧЕТНА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ДОЖД И ВЕТЕР

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ДОЖД И ВЕТЕР


Додадено на 12-02-2016 во ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено попладне во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од четири до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер.