ВРЕМЕ: ОБЛАЧНО СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД
Нестабилното време не очекува и денес. Денеска времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 18°C.
Од утре се очекува продор на студена воздушна маса во Македонија која ќе услови засилен студен ветер кој ќе дува од северен правец, а се очекува и пад на утринските и дневните температури. Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровто. Во североисточните и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планинските предели над 1400 метри со услови за слаб снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 1°C до 9°C, а максималните дневни температури од 8°C до 16°C.


