12 ТРАДИЦИОНАЛНА КОПАНИЧАРСКА ИЗЛОЖБА ВО НЕГОТИНО
Во рамки на одбележувањето на верскиот празник Свети Трифун и годинава Здружението на стари занаети од Неготино и Музејот на град Неготино заедно во соработка со општина Неготино ја одржаа 12 по ред традиционална копаничарска изложба на членовите на копаничарското здружение.


Пред присутните за изложбата говореше директорот на музејот Ристе Марков кој воедно ја искористи приликата на сите да им го честита празникот и воедно да ја отвори изложбата.

Претседателот на Здружението на стари занаети Љиљана Василева ја истакна одличната соработка со Музејот и општината и истакна дека на оваа изложба покрај изработките на членовите на здружението, со свои дела се претставуваат и бројните волонтери кои биле дел од проектот на Здружението насловен ,, Со уметноста и занаетот против пороците на 21 век ‘‘.

Инаку, Здружението на копаничари „Стари занаети“ од Неготино во периодот од октомври до февруари го реализираше проектот „Со уметност и занает против пороците на 21-иот век “ во чест на јубилејот на здружението ,, 10 години постоење ‘‘ притоа обучувајќи ги младите и другите заинтересирани лица од општината за тајните на копничарската дејност.

